Џадон Санчо во Борусија Дортмунд се истакна како еден од најдобрите светски напаѓачи и многу клубови се спремни да го доведат.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа цената на Санчо според она што се пишува од Англија ниска. Како потенцијални кандидати за негово доведување се споменуваа Челзи и Манчестер Јунајтед кои ако го сакаат ќе мораат да платат барем 140 милиони евра.
Сега „Евенинг Стандард“ пишува дека постои уште една опција за Санчо освен Премиер лигата, а тоа е трансфер во Ла Лига. Овој медиум пишува дека цената која ја поставила Борусија и платата која ја бара Санчо може да си ја дозволат само Реал Мадрид и Барселона.
Санчо ги напушти јуниорите на Манчестер Сити во 2017 година и таа негова одлука се покажа како полн погодок. Младиот Англичанец во Борусија од 2017 година постигна 29 голови и запиша 40 асистенции.