Дома Останати Кошарка Нова неверојатна партија на Дончиќ

Нова неверојатна партија на Дончиќ

Лука Дончиќ одигра уште еден одличен натпревар и ги предводеше Далас Маверикс до победата од 126:97 против Портланд со 41 поен, шест скока и пет асистенции.

За словенечката суперѕвезда ова беше седми НБА натпревар оваа сезона со 40 или повеќе поени.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тој е рекордер оваа сезона. Лидерот на Маверикс одигра само 30 минути, но и тоа му беше доволно да го наполни противничкиот кош.

Тој беше особено впечатлив во првото полувреме во кое постигна 30, во кое одличен беше и Кајри Ирвинг.

Двајцата заедно постигнаа 52 поени во првите две четвртини или пет повеќе од целиот тим на Блејзерс.

Ирвинг натпреварот го заврши со 29 поени, девет скока и пет асистенции. Ниту Дончиќ, ниту Ирвинг не играа во последната четвртина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрици…