Дома Трансфер зона Нов фаворит за замена на Заниоло – Сусо!

Нов фаворит за замена на Заниоло – Сусо!

Преговорите се веќе во тек – Сусо е фаворит за замена за Заниоло во Рома!

Од вчера сите во Рома се загрижени поради тешката повреда на Заниоло за кого сезоната е завршена. Заниоло заработи повреда на лигаментите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога беше потврдено дека Заниоло повеќе нема да играа оваа сезона стана јасно и дека Рома ќе мора да доведе негова замена. Прво се споменуваше Политано, а од вечерва фаворит е Сусо!

Медиумите на „Чизмите“ пренесуваат дека директорот на Рома, Џанлука Петраки стапил во контакт со луѓето од Милан и се распрашувал за можноста да го доведе шпанскиот играч за врска. Ситуацијата на Сусо во Милан дополнително се искомпликува кога дојде Пиоли и се очекува да замине ова зимо. Наводно, Сусо денес е виден во „Каса Милан“ каде што преговарал за можно заминување.

За Сусо во овој момент интерес покажаа Гетафе, Валенсија и Севиља, но медиумите тврдат дека желба на Сусо е трансфер во Рим. Се шпекулира и дека постои можност за размена со Ченгиз Ундер за кого Милан се интересира подолго време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…