Дома Фудбал Англија Нов удар за Мурињо: Познато колку ќе паузира Фелаини

Нов удар за Мурињо: Познато колку ќе паузира Фелаини

Маруан Фелаини вчера на мечот против Тотенхем помина само неколку минути на терен, а денес британските медиуми пренесуваат дека станува збор за сериозна повреда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Белгиецот денес беше на детални лекарски прегледи кои потврдија дека ќе мора да отсуствува 6 до 8 недели, што значи дека нема да се врати на терените пред месец април.

Фелаини има истегнување на лигаментите на коленото, повреда која му се повторува втор пат сезонава.

Договорот на Фелаини со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на сезоната, но Мурињо јавно призна дека сака да го задржи во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Ми делуваше дека паднавме против Хрватска, но…“

Напаѓачот на Баерн е задоволен од реакцијата на неговиот тим по првиот меч на турнирот, ис…