Дома Фудбал Англија Нов скандал во Англија: Гринвуд и Фоден исфрлени од репрезентацијата!

Нов скандал во Англија: Гринвуд и Фоден исфрлени од репрезентацијата!

Двајцата млади фудбалери од репрезентацијата на Англија Мејсон Гринвуд (Манчестер Јунајтед) и Фил Фоден (Манчестер Сити) се исфрлени од репрезентацијата на Англија поради прекршувањето на мерките за заштита од коронавирусот.

Гринвуд и Фоден си донеле девојки во хотелот во Исланд каде што Англија победи со 1:0. За првпат во нивната кариера двајца беа стартери, а сега се казнети поради недисциплина и непочитување на правиата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Следниот натпревар Англија ќе го игра против Данска и двајцата нема да бидат во комбинација за овој натпревар, тие со авион се вратени дома.

Ќе потсетиме овие два натпревари на Англија ги пропушти и Хари Мегваер кој прво беше на списокот па потоа исфрлен поради инцидентот во кој учествуваше на Миконос.

Очигледно Англичаните имаат проблем со дисциплината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…