Македонските ракометари загубија на гостувањето во Словенија, во претпоследниот тест меч пред ЕП со 33:28.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Селекторот Данило Брестовац одлучи најискусниот во нашата селекција, капитенот Кире Лазаров од клупа да го гледа поразот на своите репрезентативни колеги.
Натпреварот почна со израмнета игра од двете страни. Се играше гол за гол, се до 18. минута кога Словенците успеаја да стигнат до плус четири. Разликата потоа се зголемуваше и на одмор се замина со резултат 19:12.
Во вториот дел шанса добија и играчите од клупата, во последните десетина минути се доближивме до пет разлика, но не успеавме да го однесеме мечот во неизвесна завршница, па на крајот загубивме со конечни 33:28.
Ова беше претпоследна проверка пред настапот на Европското првенство, а после мечот против Црна Гора селекторот ќе донесе конечна одлука за конечниот состав кој ќе патува на ЕП.