Според последните информации во трката за Мемфис Депај се вклучиле италијански клубови Јувентус и Милан.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Капитенот на Лион им е прималива опција затоа што неговиот договор со францускиот прволигаш истекува на лето.
Барселона минатото лето со сите сили се обидуваше да го доведе Холанѓанецот, но Каталонците се откажале од Депај бидејќи преферираат ангажман на Агуеро.
Милан и Јувентус се во потрага по квалитетен напаѓач и веќе стапиле во контакт со неговиот агент, а во предност ќе биде клубот кој ќе избори пласман во Лигата на шампиони.
Италијанските медиуми пренесуваат дека големи се шансите Депај од следната сезона да игра во Серија А.