Јувентус во последните години вешто го користи „падот“ на миланските гиганти, и создава „монопол“ над сите италијански таленти.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Раководството на „бјанконерите“ е секогаш внимателно кога се во прашање младите таленти кои имаат потенцијал да станат големи ѕвезди во иднина.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека спортскиот директор на „старата дама“, Бепе Марота имал состанок со колегите од Џенова за трансфер на талентираниот 16-годишен Пјетро Пелегри.
Пелегри е најмладиот фудбалер кој постигнал погодок во историјата на Серија А, а од медиумите и експертите беше прогласен за „чудо од дете“. За него интерес покажаа најголемите италијански клубови, но Јувентус е спремен и овој пат да ја победи конкуренцијата.
Џенова за својот „бисер“ бара 30 милиони евра, а весникот тврди дека „бјанконерите“ се спремни да понудат 25 милиони евра и да го останат Пелегри на позајмица во Џенова уште една година.