Дома Топ вести Ниту Јапонија, ниту МЛС – Фернандо Торес останува во Европа!

Ниту Јапонија, ниту МЛС – Фернандо Торес останува во Европа!

Не е време за пензија, време е за нов предизвик и тоа ниту во МЛС лигата, ниту во Јапонија – Фернандо Торес останува во Европа!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шпанскиот ветеран Фернандо Торес (34) го затвори своето поглавје Атлетико Мадрид и тргна во потрага по нов предизвик. Каде ќе ја продолжи кариерата ќе дознаеме во наредните денови, а во овие моменти најблиску до неговиот потпис е француски Лил!

Реномираниот клуб не се прослави минатата сезона и едвај успеа да остане во Лига 1 и сега сакаат нов центарфор. Во клубот се сериозни заинтересирани за Торес кој наскоро ќе стане слободен агент бидејќи договорот со „јорганџиите“ му истекува на 30 јуни.

Претходно Шпанецот се поврзуваше со јапонскиот Саган, како и некои американски МЛС клубови, но понудата од Лил во овој момент според медиумите е негов приоритет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…