Дома Фудбал Останато Никој не одиграл повеќе натпревари сезонава од Бруно Фернандеш

Никој не одиграл повеќе натпревари сезонава од Бруно Фернандеш

Фудбалската сезона заврши, преостануваат само уште финалињата во Конференциската лига и Лигата на шампионите, па полека се сумираат впечатоците од изминатата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Играчот за врска на португалската репрезентација и Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш се фудбалерот со најмногу одиграни натпревари. Фернандеш сезоната ја заврши со 68 официјални натпревари клупски и репрезентативни.

Како и многу други врвни фудбалери тој беше дел од Мундијалот во Катар кој се одигра во текот на сезоната.

Помеѓу фудбалерите со најголем број настапи се уште: Лаутаро Мартинез, Родриго, Бернанрдо Силва, Лука Модриќ, Едуардо Камвинга…

ФУДБАЛЕРИ СО НАЈМНОГУ НАСТАПИ ВО ТЕКОТ НА СЕЗОНАТА

Бруно Фернандес – 68

Лаутаро Мартине  – 66

Родриго – 65

Бернардо Силва, Лука Модриќ, Едуардо Камавинга – 64

Енцо Фернандез, Родри, Федерико Валверде – 63

Доминик Ливаковиќ, Винициус, Фреди Гондола – 62

Треба да се потсети дека оваа листа ќе има мали промени по одиграното финале помеѓу Интер и Манчестер Сити, но како и да е Бруно Фернандеш ќе остане на врвот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Артета: Ќе играме како ѕверови дoмa

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека играчите се подготвени да играат како ѕвер…