Репрезентативниот голман на Македонија, Никола Митревски доби признание за најдобар голман во второто коло од ракометната Лига на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Митревски блескаше на голот на Порто против Фленсбург и беше најзаслужен што неговиот тим оствари триумф. Порто губеше со 17:19 кога Митревски застана на голот, до крајот забележа шест одбрани со импресивен процент на успешност од 46 отсто.
Посебно добар Митревски беше во завршните пет минути, а ја имаше и клучната одбрана во последните секунди за победата на Порто. Токму затоа сосема заслужено доби место во идеалниот тим на второто коло.
Видео од најдобрите седум можете да погледнете тука.