Нејмар ќе остане во Пари Сен Жермен до 2027 година, бидејќи на 1 јули ќе се активира клаузулата со која автоматски ќе му се продолжи договорот на уште една година, открива „Екип“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Раководството на ПСЖ сака да се ослободи од Бразилецот, но тоа ќе биде практично невозможно со вака долг договор.
„Екип“ тврди дека Нејмар не размислува за заминување од Париз, меѓудругото и затоа што во моментот не постои друг клуб кој ќе му ја гарантира годишната плата од 40 милиони евра.
Доколку ПСЖ сака предвреме да го раскине овој нов договор, тогаш на Нејмар ќе треба да му исплати отштета од неверојатни 130 милиони евра.
Се појавија информации дека ПСЖ го нуди Нејмар на неколку европско гиганти и е спремен да ја плаќа половина плата од Бразилецот, но фудбалерот порачал дека нема намера да замине од Париз.