Најголемата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар повторно е во центарот на вниманието поради инцидентот кој го направи во финалето од Купот на Франција, против Рен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фрустрираниот Нејмар после загубеното финале влезе во расправија со еден навивач, па дури и физички го нападна, инцидент кој крена „голема прашина“.
Еминентниот „Екип“ пишува дека Нејмар ќе добие суспензија од пет до осум натпревари, а тоа значи дека сезонава за него е дефинитивно завршена.
RT Eastbridge_SB: RT TheVOdds: ICYMI: Neymar punched a supporter after losing in France cup final ??
(via vaillant92100) pic.twitter.com/osfssqMejH
— Jason Tester (@JasonTester20) April 29, 2019
Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел денес јавно му одржа лекција на Бразилецот.
„Воопшто не ми се допадна тоа што го видов, не е можно да направите такво нешто, едноставно е недозволиво. Не е лесно да се искачувате по скалите по еден пораз, тоа е тешко за мене и за сите играчи, но мора да го прифатиме тоа. Кога губиме, мора да покажеме респект. Непотребно е да влезете во конфликт со навивач, не смеете да го правите тоа“, му порача Германецот.