Дома Фудбал Репрезентации Несторовски: Ќе фали Елмас, но Македонија има квалитет, тука се Барди, Адеми, Ристовски, Трајковски…

Несторовски: Ќе фали Елмас, но Македонија има квалитет, тука се Барди, Адеми, Ристовски, Трајковски…

Илија Несторовски не го дочека повикот кој сигурно толку многу го посакуваше – да се врати во Палермо каде што помина прекрасни години и да игра за Македонија против европскиот шампион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Селекторот Благоја Милевски се одлучи да не го повика Нестор поради малата минутажа во Удинезе после враќањето од повредата, напаѓачот за Удинезе има само 13 минути во официјалните натпревари во оваа година.

„Патот до Светското првенство ќе биде тежок, ќе играме против европскиот шампион Италија, но на еден меч можете да дојдете до пролженија, да играте пенали…а таму ништо не се знае. Во последните години покажавме дека имаме квалитет. Лошо е што ќе бидеме без Елмас, но тука се играчи како Барди, Адеми, Ристовски, Трајковски кој играше со мене во Палермо и добро го познава стадионот“.

„Видов дека стадионот ќе биде исполнет до последното место, сигурно тоа ќе биде потстрек за Италијанците, но изгледа дека во ФИГЦ заборавија дека Трајковски исто како и јас го познава тој терен. Ние веќе ја запревме Италија во 2017 година на нејзин терен, а тогаш не се пласираа на Мундијалот во Русија“, изјави Несторовски.

Тој натпревар кој го спомена Несторовски заврши 1:1, а голот го постигна токму Трајковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познато кој фудбалер ќе „лета“ од Барселона зашто Флик договорил засилување од Дортмунд

Карим Адејеми според сите изгледи ќе биде ново засилување на Барселона бидејќи преговорите…