Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Неофицијално: Се појави списокот на Шпанија – отпаднаа големи имиња!

Неофицијално: Се појави списокот на Шпанија – отпаднаа големи имиња!

Иако не е официјално, во медиумите се појави списокот на играчи на Шпанија за претстојниот Мундијал во Русија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Конкуренцијата помеѓу Шпанците е навистина пеколна и тоа никој не го оспорува, но интересно е што кога Хуан Лоптеги ќе го скрати списокот без „карта“ за во Русија ќе останат играчи кои се поврзуваа со големи трансфери.

Според информациите, селекторот веќе се одлучил за оние кои ќе патуваат во Русија. Шпанија на хартија покрај Бразил, Германија и Франција е најголем фаворит, а кога ќе погледнете кои имиња би можеле да отпаднат јасно е и поради што е така.

Нема место за Алварто Морта кој чека Челзи и Јувентус да се договорат, Шпанецот го плати чекот на лошата сезона во Челзи.

Исто така Сеск Фабрегас е минато за Шпанија, човекот кој освои се со „Фуријата“ го изгуби местото покрај младите сили. Ектор Белерин го нема на списокот и тој е далеку од поранешната форма.

Во секој случај Шпанците се навистина силни, а наскоро се очекува и Лоптеги да го соопшти официјалниот список.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Тотенхем не губи време: договори уште еден дефанзивец од Премиер лигата

Тотенхем постигна договор со колегите од Брајтон за дефанзивецот Јаан Пол ван Хеке, пренес…