Дома Фудбал Необична ситуација во Премиер лигата: Митровиќ постигна гол без број на дресот 🎥

Необична ситуација во Премиер лигата: Митровиќ постигна гол без број на дресот 🎥

Српскиот фудбалер Александар Митровиќ се најде во центарот на вниманието со својот гол попладнево против Кристал Палас.

Митровиќ постигна гол од пенал во првото полувреме, тоа го правел и претходно, но никогаш како денес – без број на дресот. Не се памети кога последен пат некој фудбалер играл без број на дресот во англиската Премиер лига, а не пак да постигне и гол.

Од некоја причина во Фулам имаа само еден дрес од Митровиќ, па фудбалерот остана без број затоа што дресот кој го носеше мораше да го соблече поради крв, откако заработи удар во еден дуел.

Овој гол за српскиот напаѓач беше 13-ти во сезоната. Палас претходно поведе со голот на Едуар во 34-тата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…