Репрезентацијата на Македонија во одбојка трет пат во низа заврши како второпласирана во Европската лига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нашите одбојкари овој пат во финалето беа поразени од Украина со 3:1 во сетови. Лошо го отворивме натпреварот, па Украинците првиот сет го добија со убедливи 25-15. Во вториот сет како да се разбудивме, но сепак не успеавме да го добиме, го загубивме со 25-22.
Но, после пресвртот во претходниот меч нашите немаа намера да се откажат, па успеаа да намалат на 1:2 во сетови. Сепак, иако во четвртиот сет влеговме со огромна мотивација бевме убедливо поразени со 25-13.
За разочарувањето да биде поголемо ова беше единствениот пораз на Македонија во Европската лига, натпреварување кое го заврши со седум победи.
Во натпреварот за третото место Швеѓаните ја совладаа Данска со 3:1 во сетови.