Дома Трансфер зона Нема попуст, нема проблем: Милан плаќа 28 милиони за Томори

Нема попуст, нема проблем: Милан плаќа 28 милиони за Томори

Факијо Томори во јануари пристигна во Милан како позајмен фудбалер од Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Томори веднаш се наметна во првиот тим и со своите настапи го импресионираше раководството, но и фановите.

Милан во договорот има опција да го откупи на лето за 28 милиони евра, а италијанските медиуми откриваат дека „росонерите“ веќе донеле одлука.

Малдини веќе започна преговори со Челзи за откуп на дефанзивецот и се обиде да ја намали цената, но „сините“ не сакаат да прават компромис.

Меѓутоа, тоа не ја спречи намерата на „росонерите“ да го задржат Томори и ќе ја активираат откупната клаузула од 28 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…