Дома Фудбал Англија Нема повеќе дилеми: Џеко останува во редовите на „Римската Волчица“, Емерсон се сели на „Стемфорд Бриџ“

Нема повеќе дилеми: Џеко останува во редовите на „Римската Волчица“, Емерсон се сели на „Стемфорд Бриџ“

„Плавите“ за услугите на фудбалерот на Рома, ќе исплатат 20 милиони евра, а дополнителни осум, „Волчицата“ ќе добие низ разни бонуси во следниот период.

Од друга страна договор со Един Џеко пак, не е постигнат. Челзи не сакаше да ги прифати условите кои ги постави 31-годишниот фудбалер и тој дефинитивно нема да ја засили екипата од „Стемфорд Бриџ“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


За потсетување, Џеко од лондонскиот клуб бараше договор на две и пол години, Челзи нудеше една година, но поради не постигнат компромис, босанскиот напаѓач и во иднина ќе го носи дресот на Рома.

Сепак, на крајот Челзи успеа да купи еден играч на Рома. Фантастичниот лев бек Емерсон ќе стане нов член на тимот и кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

На тимот од Лондон му останаа два дена од преодниот рок и ќе се обиде да пронајде соодветен напаѓач за својот тим. Неколку имиња се поврзуваат, па така на крајот ќе биде интересно да се почека кој ќе го облече плавиот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Агентот на еден од најбараните напаѓачи потврди каде сигурно нема да продолжи

Напаѓачот на РБ Лајпциг, Бенјамин Шешко е еден од најбараните летово, а неговиот агент отк…