Дома Фудбал Италија Нема крај за проблемите на Милан – се повреди и капитенот!

Нема крај за проблемите на Милан – се повреди и капитенот!

Милан се соочува со големи проблеми кога се повредите во прашање, а најновата вест која пристигна од Италија е дека се повредил и капитенот Алесио Ромањоли.

Гатузо во овој момент не може да смета на десет повредени фудбалери од кои Калдара, Мусакио, Биглиа и Бонавентура ќе отсуствуваат по неколку месеци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Болницата во Милан стана побројна откако капитенот Алесио Ромањоли денес заработи мускулна повреда на тренингот на репрезентацијата.

Ромањоли го напуштил тренинг кампот и утре ќе му бидат направени детални прегледи, на кои ќе се утврди колку време ќе отсуствува од терените.

Повредата на Ромањоли е голем проблем за Гатузо бидејќи веќе не може да смета на двајца дефанзивци, Мусакио и Калдара, па единствен здрав стопер во тимот во моментов е Запата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…