Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Нема да можат сите во Катар: Над 2.000 Мароканци кои сакаа нема да бидат вечерва на „Ал-Бајт“

Нема да можат сите во Катар: Над 2.000 Мароканци кои сакаа нема да бидат вечерва на „Ал-Бајт“

Националната авиокомпанија на Мароко денеска соопшти дека откажува неколку летови од Казабланка до Доха, кои беа планирани за мароканските навивачи заинтересирани за полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Франција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Поради најновите аранжмани наметнати од катарските власти, „Royal Air Maroc“ (RAM) со жалење ги информира патниците за откажувањето на нивните летови што ги врши „Qatar Airways“, се вели во соопштението на RAM.

Седумте откажани летови вклучуваат 2.100 патници, додека другите 23 летови со RAM се одвиваат според планираното, изјави за AFP извор запознаен со ова прашање.

Фудбалерите на Мароко и Франција вечерва се среќаваат на стадионот „Ал Бајт“ во полуфиналниот натпревар на Светското првенство во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Интер го потврди интересот кон дефанзивец од 50 милиони

Спортскиот директор на италијанскиот шампион Интер, Пиеро Аузилио, официјално го потврди и…