Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Се изгуби „магијата“ на Мароко, бронзата од Катар за Хрватска!

Се изгуби „магијата“ на Мароко, бронзата од Катар за Хрватска!

Репрезентацијата на Хрватска стигна до бронзениот медал откако во денешното „мало финале“ го совлада Мароко со 2:1.

Фуриозен старт имаше натпреварот, прво Боно киксираше и малку недостасуваше да си постигне автогол после само две минути игра (тука). Само пет минути подоцна Хрватска стигна до водство. Перишиќ беше асистент, а во листата на стрелци се запиша дефанзивецот Јошко Гвардиол.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Водството на Хрватска траеше само две минути бидејќи на спротивната страна гол постигна друг дефанзивец, Дари.

Во продолжение Хрватска беше многу подобар тим на теренот, се редеа шанси пред голот на Боно. Мароко од друга страна повеќе мислеше на својот гол. Таквата игра донесе нов гол во мрежата на Боно, но дури во финишот од првиот дел.

Оршиќ постигна маестрален гол, еден од најубавите на првенствот во 42. минута. На пауза Хрватска замина со 2:1, резултат кој на крајот се покажа и како конечен бидејќи во второто полувреме не видовме погодоци.

Мароко се реши да нападне во второто полувреме имаше неколку добри прилики, но Ливаковиќ кој денес немаше многу работи, се што имаше го одработи одлично. Хрватска знаеше да се закани преку Оршиќ, Ковачиќ, Модриќ…

За Хрватска ова е втор медал во низа на Светските првенства откако во Русија пред четири години освоија сребро со поразот од Франција во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…