Ракометарите на Нексе добија нов тренер еден ден откако оставка од таа функција си поднесе Хрвоје Хорват кој го наследи Лино Червар на селекторската функција на Хрватска.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Нексе сега ќе го предводи словенскиот тренер Бранко Тамш кој потпиша договор на две ипол години. Дебито словенскиот стратег ќе го има на натпреварот од СЕХА лигата во понеделник кога Нексе ќе гостува во Скопје во дуелот со Вардар.
Тамш во хрватскиот ракомет веќе го водеше ППД Загреб девет месеци во 2019 година. Отказ доби после лошиот старт во сезоната во Лигата на шампионите, а отпуштен беше после поразот од дански Алборг со резултат 30:20.