Дома Фудбал Невил знае како се запира Роналдо: Бараше да ја искосиме тревата, не го направивме тоа и не даде гол

Невил знае како се запира Роналдо: Бараше да ја искосиме тревата, не го направивме тоа и не даде гол

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед Гери Невил се потсети на дуелот со Реал Мадрид и Кристиано Роналдо од 2015 година кога од клупата ја водеше Валенсија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Валенсија имале посебен план како да му ја отежнат работата на Роналдо. Клучот бил во тревата.

„Се сеќавам дека нашата тактика беше да не ја косиме тревата. Теренот беше како да е во некое село. Натпреварот заврши 2:2, Роналдо не постигна гол“, откри Невил.

Роналдо и се пожалил на ситуацијата на теренот.

„Кристиано ми кажа дека мораме да ја искосиме тревата и дека е невоможно он тука да дрибла. Секако, немаше шанси тоа да го направиме. Знам како тоа оди, сакавме тоа да влезе во нивните глави и на крај успеавме во тоа“, изјави Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо пред второ засилување за Челси откако ѕвездата од 35 милиони фунти го одобри трансферот

Чаби Алонсо е на чекор да го осигура второто засилување за Челси откако го одобри потегот …