Дома Трансфер зона Не е само Луиз во немилост на Италијанецот, во Лондон има уште еден пријател на Коста!

Не е само Луиз во немилост на Италијанецот, во Лондон има уште еден пријател на Коста!

konte

Кој е следен во низата после Давид Луиз?

Според англиските медиуми Конте продолжува со „чистењето“ на пријателите на Диего Коста.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако Бразилецот го напушти клубот, Конте влезе во конфликт со Давид Луиз, го елиминираше од тимот за натпреварот против Манчестер Јунајтед. Најскапиот дефанзивец во светото освен што ја доведуваше во прашање тактиката на Италијанецот изјави и дека ја плаќа цената на пријателството со Диего Коста.

Тој наведе дека исто поминал и Вилијан кој скоро и да не игра, иако до доаѓањето на Конте, во лошата сезоната на Челзи тој беше далеку најдобар фудбалер.

Сега пристигнуваат информации дека Конте има намера да го продаде Вилијан, но не на Манчестер Јунајтед. Поранешниот фудбалер на Шахтјор претходно се доведуваше во врска со шпанските и италијанските клубови, но неговата цена нема да биде помала од 40 милиони евра, па прашање е дали Италијанецот ќе успее во својата намера.

Како замена тој има намера да доведе нов Бразилец и тоа од редовите ПСЖ, Лукаш Моура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски откри кога би можел да замине од Барселона

Искусниот напаѓач, Роберт Левандовски се поврзуваше со заминување од Барселона, но како шт…