Дома Трансфер зона Не е само Дибала, Интер носи уште една ѕвезда на Јувентус

Не е само Дибала, Интер носи уште една ѕвезда на Јувентус

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер е силно заинтересиран за играчот на Јувентус, Федерико Бернардески, кој ова лето ќе биде слободен агент.

Бернардески нема да го продожи договорот со Јувентус кој истекува следниот месец и сега е во потрага по нов клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер стапил во контакт со неговиот агент и му понудил неколкугодишен договор тежок 3 милиони евра по сезона, па многу е веројатно дека Италијанецот ќе ја прифати понудата.

Интер има финансиски проблеми и претежно се насочува кон играчи без договор, а Бернардески треба да пристигне во Милано заедно со Пауло Дибала, кој исто така е слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…