Дома Фудбал Не било до тактиката: Руди Гарсија го знае проблемот на Наполи

Не било до тактиката: Руди Гарсија го знае проблемот на Наполи

Тренерот Руди Гарсија има катастрофален почеток на сезоната со актуелниот италијански шампион Наполи и веднаш доби критики од навивачите кои не се среќни со резултатите.

Наполи во минатото коло загуби со 1-3 од Фиорентина откако Гарсија донесе неколку чудни одлуки и во самата завршница ги повлече од игра Зиелински, Осимен и Лоботка.

„Чувствуваме фрустрација, ова е лош резултат за нас. Не сметам дека резултатите се производ на тактички грешки, туку се работи за нашиот менталитет.

Мора подобро да се браниме и да го читаме противникот. Да бидеме поагресивни и попаметни на теренот“, изјави Гарсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…