Раководството на НБА лигата подготвува 25-дневен план за продолжување на сезоната, кој ќе биде ставен во сила кога ќе стивна епидемијата на коронавирус, објави ЕСПН.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Се претпоставува дека на тимовите ќе им се даде 11 дена за индивидуални тренинзи и 14 дена тренинг кампови. Камповите ќе се отворат откако лигата ќе добие дозвола од лекарите да играат „5 на 5“.
„Кога земјата ќе се опорави и ќе се подобри состојбата со коронавирусот, ќе трае од три и пол до четири недели пред да продолжи сезоната“, информираат од НБА.
Комесарот на НБА, Адам Силвер изјави дека конечната одлука за продолжување на сезоната треба да биде донесена до 1-ви мај. На тимовите ќе им биде потребен околу 1 месец за да ја довршат редовната сезона, како и уште еден месец за плеј-офите.