Дома Фудбал Италија Најпознатите италијански медиуми „удрија“ по Влаховиќ: Зошто е платен 80 милиони евра!?

Најпознатите италијански медиуми „удрија“ по Влаховиќ: Зошто е платен 80 милиони евра!?

Душан Влаховиќ со големи очекувања пристигна во Јувентус после одличните настапи во дресот на Фиорентина, но на српскиот голгетер баш и не му оди во Торино.

Минатата недела „Тутоспорт“ го критикуваше Влаховиќ, а сега во таа насока тргна и уште еден италијански реномиран медиум, „Газета дело Спорт“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Влаховиќ беше платен 80 милиони евра и се очекуваа голови од него, а нив ги нема. Влаховиќ во овој момент изгледа како исплашена птица која не може да го најде патот до голот.

Имаше само еден шут во голот и еден надвор од него – Катастрофа! Гол постигнува на 531 минута и тоа е лош учинок за напаѓач на Јувентус“, пишува „Газета“.

Меѓутоа во јавноста преовладува и мислење дека Влаховиќ самиот не е виновникот за неговата лоша статистика, тука е стилот на игра на Алегри кој е премногу дефанзивен.

За навивачите на Јувентус главниот виновник за лошите резултати од почетокот на сезоната е токму Алегри, а не Влаховиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…