Дома Фудбал Останато Авионот на Сала имал обид да објави вонредна состојба еден час по губењето на контактот!

Авионот на Сала имал обид да објави вонредна состојба еден час по губењето на контактот!

И денес полицијата е во потрага по авионот со кој исчезна најскапото засилување во историјата на Кардиф, Емилијано Сала.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Додека полицијата е во потрага и се чекаат официјални информации, низ медиумите може да се пронајдат разни детали за тоа што се случувало во авионот.

Изминатата вечер се појави и аудио порака од Сала испратена во „WhatsApp“ групата со фудбалерите на Нант.

Сега најнова информација која ја открива „Л’Eкип“ е дека авионот на Сала имал обид да се врати на вистинскиот пат.

Имено, вчера се пишуваше дека авионот со контролата кула на лето последниот контакт го имал во понеделникот во 20:00 часот. Сепак, сега се открива дека во 21:23 авионот направил обид да ја контактира контролната кула и да објави вонредната состојба.

Овие информации не се потврдени, но треба да се земат во предвид бидејќи доаѓаат од реномиран медиум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Луис Енрике за критиките по 5:4: Тоа се проклети мислења

Главниот тренер на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, кој е близу до тоа да го доведе својот ти…