Дома Фудбал Италија „Најк“ со специјални копачки за „принцот од Рим“

„Најк“ со специјални копачки за „принцот од Рим“

Компанијата „Најки“ одлучи со специјална едиција на копачки да ја обележи јубилејот на Франческо Тоти, 25 години во тимот на Рома. За „Принцот на Рим“, компанијата произведе копачки кои ги нарече „Nike Tiempo Totti X Roma“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Специјалната едиција на копачки, со кои „Најки“ го обележува 25 годишниот јубилеј на Франческо Тоти, во продавниците се појавија на 26 арпил, а легендата на Рома, прв пат ќе ги носи на градското дерби „Дерби дела Капитале“, против Лацио.

„Најки“ ќе произведе 2.500 пара вакви копачки, односно по 100 за секоја сезона која тој ја минал во Рома, а цената изнесува 225 евра.

Тоти досега има одиграно 779 натпревари за Рома, постигна 306 погодоци и забележал 123 асистенции и е пример за лојалност бидејќи целата своја кариера ја помина на „Олимпико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хит изјава на Ибрахимовиќ за Меси: Има пет гола на два натпревари на СП, јас нула на два Мундијали…

Лео Меси блеска на почетокот на Мундијалот, предводејќи ја Аргентина со пет погодоци досег…