Дома Останати Ракомет Најдобрите македонски ракометни судии денес го стартуваат Европското првенство

Најдобрите македонски ракометни судии денес го стартуваат Европското првенство

Покрај најдобрата македонска ракометна репрезентација, нашата земја на Европското првенство во Германија ја претставуваат и двајцата судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите кои ќе се одиграат в сабота.

Нашиот судиски пар Начевски и Николов својот прв меч на континенталниот собир ќе го имаат денес од 18.00 часот во рамките од групата „Д“ во Берлин кога се среќаваат Полска и Словенија.

Делегати на средбата во „Мерцедес-Бенц Арена“ се Кармен Лопез Манчадо од Шпанија и Герхард Рајзингер.

Во првото коло од оваа група Словенија со 32:29 славеше против Фарски Острови, додека Норвешка со 32:21 ја надигра Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Чупиќ е во борба за тренер на сезоната во Лига Европа!

Хрватскиот стратег Иван Чупиќ има можност на одличен начин да ја заокружи својата дебитант…