Бразилската одбојкарка Тандара Каишета падна на допинг тестот. Искусната дама веќе го напушти Олимпиското село и се враќа во татковината.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Олимпискиот комитет на Бразил објави дека прекршокот се случил на вчерашниот тест кој бил направен надвор од натпреварувачкиот период.
Бидејќи бразилската анти-допинг агенција објави дека Каишета падна на тестот, Олимпискиот комитет на Бразил нареди одбојкарката да замине од репрезентацијата.
Одбојкарката се јави преку социјалните мрежи и напиша дека ќе даде повеќе информации кога ќе заврши случајот.