Дома Фудбал Останато Најбогатиот Британец купи клуб и ќе создава нов гигант во Европа

Најбогатиот Британец купи клуб и ќе создава нов гигант во Европа

Џим Ретклиф издвои 100 до 120 милиони евра за купување на францускиот прволигаш Ница.

Неговото богатство се проценува на повеќе од 20 милијарди долари, па не е му беше тешко да издвои повеќе од 100 за купување на Ница.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговиот план е во иднина да вложи многу во Ница и од неа да направи фудбалски гигант во Европа.

Човекот кој некогаш живеел во социјален стан во близина на Манчестер во овој момент е најбогатиот во Велика Британија.

Основач е на хемиската форма „Инеос“, а се обидуваше да го купи и Челзи од Роман Абрамович.

Беше спремен за Челзи да плати 4.6 милијарди евра, но Абрамович се откажа од продажбата.

Ретклиф исто така е сопственик на швајцарскиот тим Лаусане, а останува да се види што ќе направи како сопственик на Ница која долги години се натпреварува во Лига 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…