Дома Фудбал Англија Натпреварот на Арсенал и Ајнтрахт вчера се прекина поради јакната на Емери

Натпреварот на Арсенал и Ајнтрахт вчера се прекина поради јакната на Емери

Арсенал во четвртокот вечерта на Емирати беше поразен од Ајнтрахт со резултат од 2:1 во натпреварот кој се одигра во Европа Лигата, а незадоволните навивачи продолжија со молитвите за заминување на Емери.

Ангажманот на Емери во Арсенал не носи посакувани резултати и многу од фановите на овој клуб посакуваат Шпанецот што побрзо да ја напушти клупата на Топџиите, додека уште сезоната не е изгубена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Емери до вчера ја имаше поддршката од управата на клубот, меѓутоа сега тој наводно ќе седне на масата за преговарање, а има се помалку време и е свесен дека го губи компасот и неговата фудбалска визија не му помага на Арсенал.

Интересна случка се случи вчера за време на натпреварот против Ајнтрахт и Емери беше во главна улога. Судијата го прекина натпреварот, наредувајќи му на Емери да ја соблече црната јакна која беше иста боја како и дресовите на гостите од Германија.

На крајот Емери доби сива јакна во која ги бодреше своите играчи, но сепак и таа јакна не му донесе среќа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…