Meѓународната фудбалска репрезентација ФИФА го казни фудбалерот на Комо, Марк Курто со десет натпревари суспензија поради навреда на расна основа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кон средината на јули во Шпанија пријателски натпревар одиграа екипите на Вулверхемптон и Комо, а во тој натпревар Курто го навредил јужнокорејскиот играч Хванг Хе-Чан (28).
Во разговор со соиграчот тој фудбалерот на Вулверхемптон го нарекол „Џеки Чен“ по славниот холивудски актер.

По натпреварот Вулверхемптон приложи жалба до Европската фудбалска организација, а откако од таму истакнаа дека се немоќни бидејќи се работи за натпревар надвор од нејзините натпреварувања, реагираше ФИФА.
Светската фудбалска организаиција немаше милост и му изрече жестока казна. Казната тој ќе ја одработи како играч на Чезена во Серија Б каде што се пресели како позајмен фудбалер.