Дома Трансфер зона Наполи договори засилување од 36 милиони евра

Наполи договори засилување од 36 милиони евра

Tимот на Наполи договорил соработка со младиот играч за врска Габри Веига кој би требало да го замени Пјотр Зјелински кој е пред трансфер во Ал Ахли од Саудиска Арабија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанскиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо објави дека се е договорено помеѓу Селта и Наполи. Наполи за младиот Шпанец ќе плати сума 36 милиони евра, 30 се фиксни како оштета, додека уште шест како бонуси.

Изминатата сезона 21-годишниот фудбалер ја заврши со 11 голови и четири асистенции, па така беше еден од најбараните на својата позиција. Интерес за него покажаа неколку клубови, но Наполи беше најконкретен.

Наполи сезонава ја брани титулата во Серија А, па вложува за да биде конкурентен за врвот и оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…