Дома Топ вести Намерно или случајно? Нејмар доби црвен картон и ќе оди на карневалот во Рио

Намерно или случајно? Нејмар доби црвен картон и ќе оди на карневалот во Рио

Фудбалерите на ПСЖ синоќа во фантастичен натпревар го победија Бордо со 4:3 во рамките на 26. коло од француската Лига 1.

Натпреварот го одбележи Нејмар кој во судиското продолжение заработи црвен картон и сигурно овој викенд нема да биде во составот за натпреварот против Дижон.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Француските медиуми пред неколку дена објавија дека за прв пат по шест години, Нејмар нема да патува во Рио на карневал, но се чини дека се излажале.

Изминативе шест години, Нејмар секогаш наоѓаше начин да замине во Бразил на познатиот карневал. Тој исто така доби двапати црвени картони додека играше за Барселона, а во последните три години токму во тој период беше надвор од терените поради повреди.

Иако многумина веруваа дека овој пат карневалот ќе помине без Нејмар, јасно е дека се излажаа. Карневалот во Рио започна во петок и Нејмар ќе има шанса да биде дел од овој спектакл барем неколку дена, нешто што на навивачите на ПСЖ сигурно нема да им се допадне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …