Дома Фудбал Италија Наинголан: Сакам да освојам трофеј со Интер!

Наинголан: Сакам да освојам трофеј со Интер!

Новото засилување на „нероаѕурите“ Раџа Наинголан веќе стана миленик на фановите на Интер.

Белгиецот изјави дека сака да освои трофеј со новиот клуб, бидејќи тоа му недостасува во досегашната кариера.

„Давам се од себе за овој дрес. Треба да ја подобрам играта, но наскоро ќе бидам во најдобра форма. Среќен сум што сум дел од Интер и се надевам дека ќе преживеам многу позитивни моменти тука. Мојата најголема цел е да освојам трофеј, бидејќи се уште немам освоено ништо во кариерата“, изјави Наинголан.

Спалети и сите останати во клубот ме прифатија одлично и се чувствувам како дома. Има голем ентузијазам кај фановите и да играв во вака голем клуб секако притисокот е поголем. Ќе дадам се од себе си за да победиме на секој натпревар“, додаде Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ситуацијата по првиот гол што Челси го прими вечерва најдобро покажува во каков хаос се наоѓаат (Видео)

Фудбалерите на Челси доживеаја убедлив пораз на гостувањето кај Брентфорд. Домаќините слав…