Дома Останати Тенис Надал со изненадувачка изјава: Мечот со Ѓоковиќ може да ми биде последен на Ролан Гарос

Надал со изненадувачка изјава: Мечот со Ѓоковиќ може да ми биде последен на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал стигна до четвртфиналето на Ролан Гарос, а таму ќе игра против Новак Ѓоковиќ.

Надал е загрижен за неговото стапало со кое имаше многу проблеми со повреди во последните години. Сепак и покрај таквите проблеми изненадувачки звучи изјавата дека неговиот меч со Ѓоковиќ во случај на пораз би можел да биде негов последен на Ролан Гарос.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Долго време не сум играл против Ѓоковиќ, три месеци немав вакви мечеви и ова ќе биде голем предизвик за мене. Новак го освои Рим и победи на девет натпревари во низа игра одлично. Ја знам мојата ситуација и ја прифаќам, ќе играм четвртфинале на Ролан Гарос и ќе уживам“.

„Ситуацијата ми е такво што никогаш не знам дали следниот натпревар ќе ми биде и последен на Ролан Гарос. Проблемите со стапаолот се големи и не знам што може да се случи во блиска иднина“, изјави Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Драма: Шпански фудбалер е во кома по семеен инцидент!

Феликс Гарета, фудбалерот на Бетис кој игра на позајмица во шпанскиот второлигаш Аморебиет…