Дома Останати Надал после тешка борба го победи Кирјос и се пласира во четвртфинале

Надал после тешка борба го победи Кирјос и се пласира во четвртфинале

Рафаел Надал по голема борба со 3-1 во сетови го победи Ник Кирјос и се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Надал одлично го започна дуелот и во четвртиот гем успеа да направи брејк кој му го донесе првиот сет. Кирјос возврати во наредниот сет на идентичен начин, направи брејк исто така во четвртиот гем.

Во следните два сета се играше тај-брејк, и двата му припаднаа на Надал, првиот со 8-6, а вториот со 7-4.

Во четвртфиналето Надал ќе игра против Доминик Тим кој со 3-0 го совлада Гаел Монфис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатна сцена: Медведев среде меч се расправаше со сопругата (Видео)

Рускиот тенисер Данил Медведев го заврши својот настап на Роланд Гарос, откако загуби во п…