Најдобриот тенисер на светот во моментов, Шпанецот, Рафаел Надал денес го подигна 11 трофеј во рамки на Ролан Гарос, откако славеше над Доминик Тим со 3:0 во сетови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Неверојатен е овој успех за мене, немам зборови со кои би опишал како се чувствувам. Навистина никогаш не сонував за 11 титули“, истакна Надал по завршувањето на мечот.
По овој трофеј, Надал сега има 17 вкупно титули остварени на Грен слем турнирите, односно само три помалку од Федерер кој зад себе има 20.