Дома Останати Тенис Надал: Не знам што ќе се случува по овој турнир, Ѓоковиќ: Не сум изненаден, секогаш „чудесно“ се враќа

Надал: Не знам што ќе се случува по овој турнир, Ѓоковиќ: Не сум изненаден, секогаш „чудесно“ се враќа

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал одиграа нов одличен меч на Ролан Гарос, а на крајот битката ја доби Шпанецот. После четири часа борба Надал го доби Ѓоковиќ со 3:1 и во полуфиналето ќе игра против Александар Зверев.

По мечот, шпанскиот тенисер кој оди на 22. Грен слем во кариерата испрати загрижувачка порака во која вели дека не знае што го чека по овој турнир.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


“Не знам што ќе се случи по овој турнир. Јас сум многу јасен за тоа. Нема врска со моите години, има врска со моето стапало (левата нога), проблем за кој засега немаме решение. Играњето полуфинале ми дава многу енергија, но ќе видиме што ќе се случи“.

„Публиката веројатно знае дека нема да бидам овде уште многу пати. Чувството на поддршка е нешто посебно за мене и многу вредно“.

Од друга страна, Ѓоковиќ испрати еден вид „отровна стрела“ кон Надал велејќи дека не е изненаден што Надал секогаш „чудесно“ се опоравувал од повредите.

„Надал е во состојба да се врати 100% на физичката состојба неколку дена по повреда од која едвај оди. Многу пати претходно го направи тоа и не сум изненаден.

„Публиката го сврте натпреварот, таа беше 99,9% на негова страна и тоа е тоа. Разочаран сум и лут, но морам да го прифатам поразот. Ова не ми е ниту прв ниту последен пораз. Имав толку големи и болни порази во кариерата, знам што да правам и како да се вратам уште посилен”. изјави српскиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ рутински во полуфинале

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот во Женева, откако со 2:0 го совлада…