Дома Останати Тенис Надал му одговори на Новак: И јас истото го мислам, ти благодарам што мислиш на мене

Надал му одговори на Новак: И јас истото го мислам, ти благодарам што мислиш на мене

Рафаел Надал му се заблагодари на Новак Ѓоковиќ што мисли на него и посака брзо да се врати на терените.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новак Ѓоковиќ во средата се потсети на епското финале на Австралија Опен во 2012 година кога Србинот и Шпанецот го одиграа еден од најдолгите мечеви во историјата на тенисот.

Ѓоковиќ славеше после скоро шест часа игра со 5:7, 6:4, 6:2, 6:7, 7:5 по сетови за одбрана на титулата.

Додека и двајцата се рехабилитираат од повредите Новак му испрари порака на Рафа.

„Не е ниту чудо што и на двајцата сега ни е потребна рехабилитација“, порача Новак со што алудираше на споменатото финале, а денес стигна и одговор од Надал.

„Ноле и јас мислам го кажувам, воопшто не е чудно. Ти благодарам што мислиш на мене. Се надавема дека наскоро ќе се вратиш. Уживај во времето со семејството“, возврати Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ивановски ќе игра за титула на турнирот во Скопје

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди место во финалето на турнирот во Скопје, отк…