Дома Останати Надал го пропушта Австралија Опен?

Надал го пропушта Австралија Опен?

Еден од најтрофејните тенисери во историјата, Рафаел Надал, најверојатно ќе го пропушти првиот грен-слем во годината, Австралија Опен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рафаел Надал повеќе од половина година се мачи со повреда на стапалото, а последниот официјален меч го одигра на почетокот на август во Вашингтон.

Првиот грен слем турнир во 2022, Австралија опен ќе се игра во периодот од 17 до 30 јануари.

„Не можам да гарантирам дека ќе учествувам на Австралија опен, морам да следам како ќе се чувствувам во наредните денови. Еден официјален меч во претходните шест месеци навистина е малку за да бидам на 100 проценти од своите можности. Ми треба време“, изјави Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ откри зошто неговите деца уште немаат телефони

Седумкратниот шампион на Вимблдон пристигна во Лондон, седна пред исполнетата конференциск…