Дома Тенис Надал ги разочара фановите, не е спремен за враќање на терените

Надал ги разочара фановите, не е спремен за враќање на терените

Љубителите на тенисот со нетрпение го очекуваа враќањето на Рафаел Надал на теренот по неговото повлекување од Австралија опен, но Шпанецот ги разочара.

Шпанскиот тенисер беше пријавен за настап на турнирот во Доха следната недела, но според последните информации тој го откажа настапот.

И покрај тоа што во последно време интензивно тренира, Надал почувствувал непријатност во пределот на колкот.

„Би сакал да играм во Доха, каде тимот на турнирот, како и неверојатните катарски навивачи секогаш ме поддржуваа. За жал, не сум подготвен да се натпреварувам и нема да можам да дојдам во Доха каде што навистина сакав да бидам и повторно да играм по таа незаборавна победа во 2014 година. Ќе се фокусирам на понатамошната работа за да бидам подготвен за Лас Вегас и неверојатниот турнир во Индијан Велс“, напиша Надал на социјалните мрежи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Брезовски прв излезе од водата, а олимпискиот триатлон го заврши како 24-ти

Марио Брезовски го освои 24. место меѓу 36 учесници на Младинските олимписки игри во Сенег…