Дома Фудбал Останато Нагелсман: Левандовски најмногу ја заслужува „Златната топка“

Нагелсман: Левандовски најмногу ја заслужува „Златната топка“

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман смета дека напаѓачот Роберт Левандовски треба да ја добие „Златната топка“.

Левандовски беше главен фаворит за „Златната топка“ минатата година, но Франс Фудбал реши да не ја доделува наградата поради пандемијата.

„Левандовски ја заслужува Златната топка. Мислам дека треба да го добие признанието, бидејќи во последните три години беше поконзистентен од кој било друг фудбалер. Роберт е многу динамичен, има малку повреди, тренира интензивно, истакна Нагелсман 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави не очекуваше такво прашање: Дозна дека бил трет избор за селектор и одговори на свој начин

Откако Најџел де Јонг откри дека Чави не бил прв избор за селектор на репрезентацијата на …