Дома Фудбал Наби Кеита го напушта Ливерпул и се враќа во Бундеслигата

Наби Кеита го напушта Ливерпул и се враќа во Бундеслигата

Играчот на Ливерпул, Наби Кеита кариерата би можел да ја продолжи во Бундеслигата.

Како што пренесува Билд, овој 25-годишен играч од средниот ред е на излезните врати во Ливерпул и наводно веќе е договорено да се врати во Лајпциг.

Така, тој треба да стане првото засилување за овој германски тим за наредната сезона, а се треба да биде завршено откако ќе заврши сезоната.

Кеита ќе се врати во германскиот клуб кој во 2018. година го продаде на Ливерпул за 60 милиони евра и каде го изгради своето фудбалско име.

Претходно овој фудбалер од Гвинеја играше уште и за Салзбург и Истрес, а за Ливерпул претходните две сезони настапи на 51 натпревар и постигна шест погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карагер: Добро е што Емери не оди во Јунајтед – ќе ги направеше посилни!

Џејми Карагер повторно ја отвори темата за иднината на Унаи Емери, откако неговите претход…