Флојд Мејведер на 31-ви декември на РИЗИН 14 евентот во Јапонија ќе се бори против јапонскиот кикбоксер Теншин Насукава.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Веќе е познато дека тоа ќе биде егзибициски меч по боксерски правила, но правилата се навистина бизарни.
Мечот е закажан на три рунди по три минути. Правилата се значи боксерски, но двајцата ќе носат Ризин ракавици 8 ОЗ, а тежинската кетегорија е до 66.7 килограми.
Она што е најневеројатно судија нема да има. На крајот на натпреварот нема да биде прогласен победник, ниту пак ќе има официјални резултати.
Ова се навистина бизарни правила, но без оглед на тоа се очекува нивната борба да привлече големо внимание.