Дома Фудбал На повидок изненадување: Тухел се враќа во Премиер лигата?!

На повидок изненадување: Тухел се враќа во Премиер лигата?!

Манчестер Јунајтед со победа на пенали против второлигашот Ковентри се пласираше во финалето на ФА Купот каде што ќе игра против Манчестер Сити. Столчето на Тен Хаг веќе подолго време не е сигурно и клубот ги разгледува можните наследници.

Според информациите на новинарот на „Кикер“, Георг Холцнер, „црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со Томас Тухел кој на крајот од сезоната заминува од Баерн.

Формата под водство на Холанѓанецот е разнишана во последните неколку недели, а новиот сопственик Џим Ретклиф се очекува сигурно да се раздели со Тен Хаг без разлика каков ќе биде исходот во купот.

Тухел со Баерн не успеа да ја освои титулата во Бундеслигата и тоа е првпат да му се случи на овој клуб по 2012 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…